Германија- ветената земја за имигрантите
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2013
Над еден милион луѓе имигрирале во Германија во текот на 2012 година, што е најголем миграциски доток од 1995 година, пишува електронското издание „Њу Јуроп“.
Тоа најмногу се должи на напливот на луѓе од јужноевропските земји, кои се тешко засегнати од долготрајната висока невработеност и бавниот економски раст во текот на нивното долго заздравување од рецесијата, забележува изданието.
Минатата година од Бугарија и Романија во Германија имигрирале 7.000 односно 21. 000 лица, а од почетокот на идната година граѓаните на двете земји ќе добијат полна слобода да работат во Германија.
Изданието кажува и за зголемување на бројот на имигранти во Германија од други земји членки на ЕУ, а најмногубројни се пристигнатите од Италија (над 12.000 лица), додека бројот на Шпанците кои се насочиле кон Германија е нараснат за 45 проценти во однос на 2011 година. Бројот на Грците, пак, се зголемил за 43 проценти.
-Тоа што го знаеме за ова ново поколение европски имигранти е дека тие се помлади и подобро квалификувани од просечното германско население. Тоа би го оценила како силно добитна ситуација за овие млади луѓе, за Германија, но и за нивните земји на потекло, забелжува Катарина Зенге, координатор за имиграција и интеграција во германската фондација „Конрад Аденауер“.