Германија во проблеми – еден милион работни места „зјаат“ празни
Објавено во: Економија 09 Декември, 2025 07:30
Повеќе од еден милион работни места останаа непополнети на германскиот пазар на трудот во третиот квартал, бидејќи домашната економија продолжува да се забавува и како таква не бара работници, објавува германската новинска агенција (dpa).
Според податоците од Институтот за истражување на трудот и вработувањето (IAB), бројот на отворени работни места се намалил за околу два проценти во споредба со претходниот квартал, на 1,03 милиони.
Сепак, во споредба со третиот квартал од минатата година, падот изнесувал 246.000 работни места, или 19 проценти.
– Побарувачката на пазарот на трудот станала вкочанета и стагнирана на ниско ниво – изјави аналитичарот на IAB, Александар Кубиш.
Според податоците на IAB, на секои 100 отворени работни места во Германија, има 288 регистрирани невработени.
Тоа е 68 лица повеќе по отворено работно место отколку во третиот квартал од 2024 година и 11 повеќе отколку во претходниот квартал.
Околу четири петтини од отворените работни места во третиот квартал мораа веднаш да бидат пополнети, што значи дека односот на сите отворени работни места кон оние што бараат итно пополнување е 2,3 проценти.
– Тоа е речиси двојно повеќе од стапката од 4,5 проценти во последниот квартал од 2022 година и укажува на слаб пазар на трудот – рече Кубиш.
Бизпортал.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ИЗИЏЕТ“ СО НОВИ СЕЗОНСКИ ЛЕТОВИ: Следното лето ќе се лета од Бодрум до Скопје и Сараево
Трамп ѝ дозволи на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција во Кина
ЗА РАСТЕЊЕ НА ДЕТЕ МЕСЕЧНО СЕ ПОТРЕБНИ ОД 12.000 ДО 16.000 ДЕНАРИ: Во минатото било или денес е финансиски потешко?
Нови раководства, исти резултати: Национално акционерско друштво направи загуба од 32 милиони евра за три месеци
ОД ПРВИ ЈАНУАРИ НЕМА ВЕЌЕ РАБОТА НА ЦРНО: Стапува на сила законот за сезонско работење
ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“





