Германија во рецесија, кој ќе претрпи најголем удар?
Објавено во: Економија 20 Август, 2019
За 5.2% паднало индустриското производство и по 6 години, германската економија која е мотор во ЕУ е во рецесија.
Ова влева страв и во Србија, каде има 400 германски компании кои работат, а 450.000 Срби живеат и работат во Германија.
Ова ќе биде удар за српските компании кои соработуваат со германски, и најверојатно ќе треба да ја редуцираат работата.
Тоа може да се одрази на намалување на бројот на работници и на нивните примања.
Иако Германија е најмалку задолжена земја во ЕУ, со јавен долг помал од 50% од БДП, сепак ваков пад на индустриското производство немале од 2009 година.
Но, мали се шансите германските компании да се повлечат од Србија, затоа што имаат добар третман од српската Влада.