Германија за прв пат во трговски дефицит по повеќе од 30 години
Објавено во: Економија 05 Јули, 2022
Германија забележа месечен трговски дефицит за прв пат од 1991 година, поради повисоките увозни цени.
Федералната служба за статистика објави дека во мај вредноста на извозот изнесувала 125,8 милијарди евра, додека вредноста на увозот е 126,7 милијарди евра, пренесува Бета, повикувајќи се на АП.
Тоа значи дека евидентираниот трговски дефицит на Германија изнесува една милијарда евра. Аналитичарите го објаснуваат зголемувањето на германскиот увоз со инфлацијата.
Во текот на мај извозот од Германија во Русија е зголемен за 30 отсто во однос на април, кога поради рускиот напад врз Украина и западните санкции, падна за 60 отсто.н Обемот на германскиот извоз во Русија во мај остана на помалку од 50 отсто во споредба со истиот месец лани.