Германската економија паѓа - кои фактори ја уриваат?
Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019
Tрет месец германската економија паѓа.
Овој податок го објави економскиот институт IFO. Индексот за бизнис климата се паднал во јуни за 0,3 поени во однос на претходниот месец. Сега тој изнесува 97,4 поени.
Очекувањата се влошуваат во производството и во услужниот сектор.
По една деценија економски раст, Германија се соочила со проблеми поради трговските конфликти на релација САД – Кина/Брегзит и забавување на светската економија која негативно влијае на извозно ориентирани индустриски компании.
Германската економија се потпрела на лични трошоци.
Бруто-домашниот производ на Германија (БДП) во првите три месеци од годинава беше зголемен за 0,4%, во споредба со претходниот квартал.