Германската министерка за одбрана доаѓа за референдумот во Македонија
Објавено во: Свет 11 Јули, 2018
Германската министерка за одбрана, Урсула Вон Дер Лејен во изјава за МИА изрази уверување дека Македонија ќе ја добие поканата за НАТО денеска и оти планира да ја посети земјата наесен, односно во септември пред одржувањето на планираниот референдум за „народно признавање“ на договорот помеѓу Скопје и Атина.
– Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО за нашите македонски пријатели, и многу сум сигурна дека тоа ќе биде резултатот на Самитот и со нетрпение очекувам да ја посетам вашата прекрасна држава, во септември мислам – рече Вон Дер Лејен.
На прашање во врска со референдумот, Вон Дер Лејен одговори дека се надева оти тој добро ќе помине.
– Стискам палци референдумот добро да помине, многу е важно за нас, нашите македонски пријатели да пристапат во НАТО – изјави германската министерка за одбрана.