25 Април, 2024
0.0296

Германската влада донесе „црвена листа“: Нема влез за граѓани од Србија, Македонија, Албанија и Косово

Објавено во: Свет 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Германската влада објави „црвена листа“ како одговор на „белата листа“ на ЕУ, според која од земјите кои не се членки на Унијата не може да влезат граѓаните на Србија, иако Брисел тоа го дозволи. Изрично не се дозволува влез ниту за државјаните на Северна Македонија, Албанија и Косово поради пандемијата.

Граѓаните од единаесет земји кои не се членки на ЕУ можат да влезат во Германија од денеска без ограничувања. Но, на германскиот список и недостасува Србија, која е дел од списокот претходно објавен од ЕУ, како и Албанија, Косово, Северна Македонија и Соединетите држави. Според одлуката на германската влада, патниците од Австралија, Грузија, Канада, Црна Гора, Нов Зеланд, Тајланд, Тунис и Уругвај можат слободно да влезат во земјата. За САД, ограничувањата за влез првично ќе продолжат да важат. За Јапонија, Јужна Кореја и Кина, дозволата ќе важи ако овие земји им дозволат на Германците да влезат во тие земји. 

Како и ЕУ, германскиот список ќе се разгледува на секои две недели. Исто така, постојат широки можности за пристап за луѓе од цела ЕУ кои имаат важна причина за патување. Овие можат да бидат Германци со друго државјанство или лица кои имаат право да живеат таму, сезонски работници во земјоделството, морнари или транзитни патници. Во иднина, клучно за да се дозволи влез во Германија ќе биде бројот на нови позитивни случаи со „Ковид-19“ во последните 14 дена.

Покрај тоа,ќе се следи периодот и начинот на кој соодветната држава ги третира пандемиите. За патниците од подрачја со висок ризик, 14-дневната карантинска обврска сè уште е во сила. Еден ден претходно, Австрија ги предупреди своите државјани за патувањата во Западен Балкан, како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус таму.

Од македонската Влада за Фактор изјавија дека вложуваат максимални напори за земјава да се најде на белата листа на ЕУ после две недели, но граѓаните во земјава мора да ги почитуваат препораките за заштита. 

Можеби ќе ве интересира

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!