ГЕРМАНСКИ ГРАД: Нивните куќи се изградени врз дијаманти
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2020
Се верува дека околу 72 илјади тони дијаманти се наоѓаат на подрачјето на германскиот град Нординген.
Жителите од ова гратче знаат дека живеат на дијаманти, но немаат намера да го уништат гратчето за да се збогатат.
Нордлинген се наоѓа во германската сојузна држава Баварска, а настанало на дијаманти кои потекнуваат од пред 15 милиони години кога Земјата била погодена од астероид.
Научниците долги години верувале дека потеклото на кратерот во кој се наоѓа и овој град на дијаманти, е вулкансо, сè додека во 60-те години на минатиот век не дознале дека станува збор за астероид.