Германски инвеститори загрижени за замрзнувањето на приватизацијата во Словенија
Објавено во: Економија 05 Јули, 2014
Германски инвеститори изразија загриженост поради одлуката на словенската Влада за запирање на приватизацијата. Нарушена е нивнта доверба во реализација на приватизациските постапки.
Претседателката на Словенско-германската господарска комора Gertrurd Rantzen вели дека одлуката на Владата предизвикала големо незадоволство кај германските известитори.
„Примивме повеќе повици од германски потенцијални инвеститори кои биле незгодни изненадени со одлуката на Владата. Со таа одлука, Владата на Словенија им прави услуга“, вели таа.
„Имено, Словенија после квалитетно изведениот процес на продажба на друштвото Летрика стекнала доверба кај германските инвеститори, а одлуката на Владата за запирање на процесот на продажба повторно е нарушена истата. Споменатата одлука на Владата не е во согласност со насоките на OECD“, заклучува Rantzen.