ГЕРМАНСКИ ВЕСНИК СОВЕТУВА: Купувајте во Хрватска!
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2017
Германскиот весник „Welt am Sonntag" во опширен текст пишува за поволните цени на недвижнини во Хрватска.
Како пример се наведува швајцарскиот претприемач, Денис Бандак кој за 2.7 милиони евра на островот Корчула купил мал хотел и планира да купи уште 10 хотели.
Во текстот се наведува дека во Хрватска има поволности во однос на цената и добивката.
Пишуваат дека Хрватска привлекува голем број хотелиери.
Се наведува дека Хрватска има добар туризам, а и за приватни инвеститори има придобивки од купување имот во оваа земја.
Во делови од Средоземјето цените веќе се зголемија.
Во текстот стои дека со издавање на куќа или апартман во Хрватска може да се оствари просечна добивка од 6.2%.
На странците им се советува ако сакаат да изнајмуваат недвижнини да отворат фирма во Хрватска и на тој начин да заштедат на данок.