ГЕРМАНСКИОТ БИЗНИС ПОД ЗАКАНА: Еве колку Германци би можеле да останат без работа
Објавено во: Економија 11 Февруари, 2019
Aко Велика Британија ја напушти Европската унија без притоа да постигне договор, тогаш 100 илјади работни мести во Германија би можеле да бидат укинати.
Ова се наведува на истражувањето на Halle IWH, еден од најпознатите екномски институти.
Најпогодени области како што се наведува ќе се градот на Volkswagen Волфсбург и Данголфинг-Ландау, местото каде што се наоѓа најголемата германска фабрика на BMW, според весникот Welt am Sonntag, кој ја објавува студијата.
„Ефектот врз вработувањето на „ hard“ Брегзит ќе се почувствува пред се во автомобилската индустрија“, рекол Оливие Холтјул, еден од авторите на студијата.
Поради зависноста на Германија од извозот, ниту една друга земја во Европската унија нема да биде повеќе погодена од тоа, додаде експертот.
Претходно , стана јасно дека Холандија се обидува да извлече максимално од излезот на Велика Британија од блокот. Властите активно преговараат со стотици компании за целосно или делумно пренесување на нивните операции од Велика Британија до Холандија поради Брегзит и огромната неизвесност која тој ја носи во бизнисот.
Фото: Ројтерс