21 Јануари, 2019
0.3193
    ALK 8300.23    -0.01%     BGOR 270    -5.26%     GECK 500    0%     GECT 500    0%     GRNT 824.4    -0.07%     KMB 5300.24    -0.37%     MPT 49500    -1%     MTUR 5000    -0.99%     OHB 6650    0.77%     OKTA 4550    1.11%     RMDEN17 97.7    0.18%     RZLE 19    0%     RZLV 80    9.59%     SIL 70    0%     TEL 302    0%     TTK 1347.72    -0.17%     UNI 2209    2.98%

Германскиот шеф на дипломатијата ја повика македонската опозиција и претседателот да соработуваат во договорот со Грција

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2018

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја повика опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, да соработуваат со македонската Влада во исполнувањето на договорот помеѓу Скопје и Атина за уставна промена на името во „Република Северна Македонија“.Истото барање го упати и кон грчката опозиција, која е повеќе националистички расположена и бараше од премиерот на Грција, Алексис Ципрас, воопшто да не се содржи зборот „Македонија“ во договорот.

- Сите политички сили во Скопје и во Атина да придонесат за спроведување на овој историски договор. Тојј ги јакне добрососедските односи меѓу двете земји и придонесува за стабилноста на Западен Балкан - напиша во честитката Мас.

Шефот на германската дипломатија оцени дека договорот меѓу владите во Македонија и Грција е одлична вест и повика на негово спроведување во обете земји 

Одлична вест е дека двете страни најдоа решение и се согласија за името Република Северна Македонија. Сега е отстранета и клучната пречка за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. 25 години спорот за името на Поранешната југословенска Република Македонија стоеше меѓу Македонците и Грците. Скопје и Атина денес напишаа историја“, вели Мас. 

„Вредеше што никогаш не се откажавме од надежта, што бевме во постојана блиска размена и што двете страни и во тешки фази секогаш одново наоѓаа компромиси. Преговорите беа долги и макотрпни. Но, на крајот решителноста и визијата на двајцата премиери и нивните министри за надворешни работи доведоа до успех. На двете Влади им честитам од срце за овој историски договор!“ додава тој.


Можеби ќе ве интересира

Ким имал тајна ракетна база?

Ким имал тајна ракетна база?

НА УДАР ТРИ ЗЕМЈИ: ЕК алармира за купувањето лажни државјанства

НА УДАР ТРИ ЗЕМЈИ: ЕК алармира за купувањето лажни државјанства

(ВИДЕО) Два брода горат - луѓето скокаат во вода

(ВИДЕО) Два брода горат - луѓето скокаат во вода

КАКО Е МОЖНО: Северниот пол може да стане јужен

КАКО Е МОЖНО: Северниот пол може да стане јужен

Една земја се закани дека ќе го „збрише“ Израел од лицето на Земјата

Една земја се закани дека ќе го „збрише“ Израел од лицето на Земјата

(ВИДЕО+ФОТО) Задушен е бунт на група гардисти

(ВИДЕО+ФОТО) Задушен е бунт на група гардисти

(ВИДЕО) Милијардер нурна во најдлабоката дупка на светот во морско дно и се шокирал од она што го затекнал

(ВИДЕО) Милијардер нурна во најдлабоката дупка на светот во морско дно и се шокирал од она што го затекнал

(ВИДЕО) Норвешка гради мега автопат: Чини 50 милијарди долари, ама ќе сфатите зошто толку многу!

(ВИДЕО) Норвешка гради мега автопат: Чини 50 милијарди долари, ама ќе сфатите зошто толку многу!

„Законот за робови“ ги вади Унгарците на улица

„Законот за робови“ ги вади Унгарците на улица