28 Март, 2024
0.0312

ГЕРМАНСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ОРГАНИ ОЧЕКУВААТ НЕМИРИ:Инфлацијата и цените на енергијата ќе направат хаос во Германија

Објавено во: Свет 24 Септември, 2022

Добивај вести на Viber


Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) предвидува дека инфлацијата и порастот на цените на енергијата може да имаат негативно влијание врз внатрешната безбедност во земјата и да предизвикаат слични протести како за време на пандемијата на коронавирус, јавија денеска германските медиуми.

– Можеме да очекуваме слична ситуација како за време на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата, кога значителен дел од населението се почувствува загрозено од политичките одлуки, се вели во оценката на БКА, цитирана од весникот Тагесшпигел.

Според истиот извештај, екстремните исламистички сили би можеле да ја искористат постојната кризна ситуација за да дејствуваат.

– Регистрираме повици за напади врз економската инфраструктура, се наведува во документите на БКА.

Се известува и дека еден лидер на „Исламска држава“ ги повикал следбениците во Европа да ја искористат руската војна против Украина и „нестабилната политичка ситуација во Европа“.

Покрај ширењето на немирите поттикнати од десничарските екстремисти и исламисти, БКА очекува и насилни акции од силите на крајната левица.

– Очекуваме протести и криминални дела како и претходните години, како и блокади на објекти од енергетската инфраструктура“, се вели во извештајот.

Пред неколку дена, група активисти за климата ја блокираа работата на електрана на јаглен во источна Германија на половина ден.

БКА очекува дека екстремно десничарските сили би можеле да извршат напади и врз политичари, како што беше случај за време на пандемијата. 


Можеби ќе ве интересира

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина