23 Април, 2024
0.0356

Германските десничари се креваат против нападите од мигранти

Објавено во: Свет 03 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Патроли на екстремната десница  има во Германија по нападите од мигранти.

Екстремната десница соопшти дека организирала патроли за самоодбрана по мигрантските напади во баварскиот град Амберг, предизвикувајќи негодување од локалните власти.

Екстремно десничарската партија НПД, блиска до неонацистичкото движење, на 1 јануари, на една од своите Фејсбук страници во регионот, објави фотографии од неколкумина свои членови со црвени елеци со ознаки на движењето.

Фотографиите се направени на местата на кои се случија нападите пред Нова година, како и пред домот за баратели на азил. Повеќе членови на баварскиот огранок на Алтернативата за Германија (АфД) исто така најавија дека попладнево ќе дојдат во Амберг.

„Најостро ги осудуваме престапите кои ги извршија [странски државјани] во Амберг. Но, исто така го осудуваме фактот што некои групи од екстремната десница се обидуваат да го искористат тој случај“, изјави гувернерот на Баварија, Маркус Зедер од конзервативната Христијанско-социјална унија (ЦСУ).

Тој додаде дека нема да бидат толерирани групите кои се обидуваат да ги промовираат екстремно десничарските партии НПД и АфД, претставувајќи ги како граѓански милиции.

Четири момчиња од Авганистан и Иран се уапсени во Амберг, откако во саботата вечер во пијана состојба нападнаа десетина минувачи на улица. Тие треба да одговараат за физички напад и нанесување повреди.

Градоначалникот на Амберг, град со 42.000 жители во северна Баварија, Михаел Керни исто така рече дека е шокиран од формирањето на патроли за самоодбрана.

Вели дека ја известил полицијата која проверува дали навистина се формирани такви групи за самоодбрана. 

Случајот повторно ја отвори расправата за барателите на азил во земјата, што е чувствителна тема по доаѓањето на повеќе од еден милион мигранти во Германија во 2015 и 2016 година.

АФД се противи на мигрантската политика на канцеларката Ангела Меркел. 

Банда на мигранти повредиле 12 лица за време на нападите, означени како расистичко насилство во град во Германија, пренесуваат тамошните медиуми.

Четворица тинејџери од Иран, Сирија и Авганистан без причина напаѓале случајни минувачи.

Можеби ќе ве интересира

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците