29 Септември, 2024
0.0265

Германските компании во земјава бараат да не се шират лажни вести - ќе работиме и ќе се грижиме за здравјето

Објавено во: Македонија 09 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Да не се шират лажни вести за странските компании што работат во Северна Македонија, побара денеска Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство, во својата писмена објава до медиумите. 

Тој вели дека германското стопанство ќе им помогне на македонските компании. 

Синџирите на добавувачи одново ќе се позиционираат на светската мапа, нагласува тој. „Затоа, мрежата на Германските стопански комори во странство (АХК) од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Украина, Белорусија, Тунис и Мароко се обединија да ја понудат својата помош на Вашите компаниии при поставувањето на новата структура на синџирите на добавувачи. Планирани се заеднички маркетинг активности во соработка со релевантни германски трговски здруженија, со чија помош можете да ја пронајдете вистинската локација за пренасочување на Вашиот синџир на снабдување и да најдете можности за нови инвестиции. Фокусот е ставен посебно на автомобилската, електро и фармацевтската индустрија“, потенцира Мартенс.

Според него, подемот на Северна Македонија како дестинација за директни странски инвестиции доведе до бум во изградбата на индустриски објекти. Ова гледиште го има и иницијативата за извоз на енергија при Сојузното Министерство за економија и енергетика. Министерството организира Делегациско патување на тема: „Обновливи енергии и енергетска ефикасност во индустријата во Северна Македонија“. Она што ќе биде новина во врска со Делегациското патување е дека ќе се органзира виртуелно. „Стручната конференција и Б2Б состаноците ќе Ви овозможат да се запознаете со потенцијални клиенти. Доколку сте заинтересирани за Делегациското патување на оваа тема, Ве молиме контактирајте ја г-ѓа Марина Станков: stankov@nordmazedonien.ahk.de“, повикува Мартенс.

Тој нагласува дека вирусот корона, се разбира дека има влијание врз економскиот и работниот процес на странските инвеститори во Северна Македонија. Инвеститорите ги презедоа сите заштитни мерки и доследно ги спроведуваа владините препораки на начин на кој што им беше препорачано да се примени во индустриското производство. 

„И покрај тоа во изминатите недели се зголемија лажни вести за странските инвеститори во земјата. Овие лажни вести во оваа тешка состојба не се од корист ниту за компаниите ниту пак за вработените. Со повторно стартување на производство, компаниите ќе сторат сé за да ја исполнат својата одговорност за зачувување на здравјето на вработените. Рестартирањето на производството ќе даде значаен придонес во одржувањето на општеството и државата“, пишува Мартенс.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките