29 Март, 2024
0.0260

Германските работодавачи против владиното решение за ограничување на бројот на работници од Западен Балкан

Објавено во: Економија 15 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Германските бизнисмени изразија незадоволство од намерата на Владата на оваа земја да го ограничи приливот на трудот од Западен Балкан на 25.000 работници годишно, пренесуваат германските медиуми.

Бизнисмените велат дека решението за Западен Балкан, во сила од јануари 2016 година, отвори можности за вработување во Германија за лица од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, додека ги намалува нелегалните имиграции и претставува успешен модел на германската политика за емиграција, пишува Ханделсблат.

Весникот понатаму наведува дека „не само компаниите, туку и германските фондови за социјално осигурување имаат корист од дополнителната работна сила“.

Според Дојче веле, предлог-законот на кој работат министерствата, со цел да се ограничи бројот на работниците од Западен Балкан на 25.000 годишно, беше критикуван од повеќе страни. Ханделблат го цитира „зелениот“ политичар Дитер Јанечек кој вели дека тоа е „бесмислен, кратковид и целосно погрешен сигнал“ и додава дека отпорот се формира и во економијата.

Ахим Деркс, заменик извршен директор на Германската трговска комора (ДИХК), вели дека по кризата, кога повторно ќе се зголеми побарувачката за квалификувани работници, предвидениот контингент може да стане тесно грло. Сличен став има и Федералното здружение на германски здруженија на работодавачи (БДА).

„Федералната влада ја оправдува реформата од една страна со фактот дека постојната регулатива истекува на крајот на годината, а од друга страна потенцира дека високата побарувачка за визи претставува огромен товар за конзулатите во Западен Балкан. Долгото чекање за виза доведува до незадоволство на работодавците и работниците “, се наведува во нацрт-законот.

Наместо да поставуваат квота, политичарите треба да воведат поефикасни визни процедури, вели Деркс додавајќи дека дигитализацијата би можела да помогне значително, според Ханделсблат.

Повеќе од половината работници од Западен Балкан (54%) работат како професионалци и квалификувани работници, додека 42% работат како т.н. помошни работници.

Централното здружение на германската градежна индустрија (ЗДБ) проценува дека околу 50.000 градежни работници од Западен Балкан работат на германски градилишта, кои тешко се наоѓаат во Германија.


Можеби ќе ве интересира

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“