25 Април, 2024
0.0316

Германското претседателство: Почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија „според германска агенда“

Објавено во: Свет 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Германија под мотото „Заедно за обнова на Европа“ вчера го превзеде претседателствувањето со Советот на Европската унија, а во официјалната најава за тоа каква политика ќе води, германското претседателство најавува во наредните шест месеци почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија „засновано на германска агенда“.

За време на нејзиното претседателство, Германија ќе го поддржи високиот претставник на ЕУ. за надворешна политика, во служба на обединета, одговорна и силна европска политика за надворешни работи.

„Ние Европејците сме убедени дека само заедно можеме да се соочиме со меѓународни предизвици, да ги браниме нашите интереси преку соработка и да ги заштитиме нашите вредности“, се вели во изјавата на Берлин за земјите од Западен Балкан „на кои мора да им се дадат кредибилен изгледи за влез во ЕУ  и пристап кој ќе им служи на европските стратешки интереси." 

- Во овој контекст, ние активно ги следиме тековните преговори за пристапување со Србија и Црна Гора и се подготвувaме за почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Ја подготвуваме преговарачката рамка, заснована врз германската агенда и новата методолигија на пристапување, се вели во соопштението на Берлин во делот за надворешната политика.

Под слоганот „Заедно за обновување на Европа“, Германија го презеде ротирачкото претседателство на Советот на Европската унија од вчера па до крајот на годината, со акцент на надминување на здравствената и финансиската криза.



Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму