20 Април, 2024
0.0280

Героски отиде во седиштето на СДСМ, ама не го најде обезбедувачот кој му се заканувал

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Новинарот Бранко Героски, доскорешниот главен и одговорен уредник на „Слободен Печат“, како што најави синоќа, претпладнево пристигна во седиштето на СДСМ, но не го пронајде обезбедувачот на Бихаќка, извесен Борче Гиноски, кој наводно му се заканувал на социјалните мрежи дека „ќе го бања во Вардар“.

- На средбата со лицата во СДСМ утврдивме дека не постои таков човек вработен како обезбедување. Не е се уште потврдено дека таква личност не е член на партијата, но добив се што требаше за да видат дека не се работи за обезбедување. Сега ми преостанува законски и процедурално да барам заштита од институциите - рече Героски пред новинарите.

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, наведе дека на Героски му било докажано дека извесен Борче Гиноски не работи во обезбедувањето на партиското седиште.

- Таков вработен немаме евидентирано. Сега се што ни останува е да ја пребараме базата на членството и да видиме дали таму има такво име. Доколку постои такво нешто, ние ќе постапиме според статусот. СДСМ е одговорна партија и никогаш не одобрува закани кон било кој граѓанин, особено со насилство кон медиумско лице - наведе Костадинов.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра