Ги донесоа националните планови за вакцинирање: Во Грција ќе се трошат 2 милиони дози месечно, во Бугарија меѓу првите ќе се вакцинираат полицајците
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2020
Имунизација од 1 милион луѓе месечно е вклучена во владиниот план на Грција, во рамките на 1.018 центри за вакцинирање и околу 2 милиони дози против Ковид-19 месечно, рече денеска министерот за здравство на Грција, Јоргос Герапетритис.
Во исто време, државниот министер изјави дека „нема да има примање на дозите доколку не постои апсолутна сигурност за тоа“.
„Во Грција ќе имаме повеќе од 1.000 центри за вакцинација низ целата земја и целта е да се примаат нешто повеќе од 2 милиони дози месечно, односно на 1 милион луѓе. По темелното проучување на последиците и безбедноста на вакцината, никој нема да има алиби“, потенцира тој.
Лекари, медицински сестри, болничари, полицијци ќе бидат првите кои ќе се вакцинираат по Нова година во Бугарија. Ова е предвидено во националниот план за имунизација на Бугарија, кој денес беше претставен пред премиерот Бојко Борисов од шефот на координативниот совет за имунизација.Красимир Гигов и министерот за здравство Костадин Александров. Во приоритетните групи спаѓаат и лица постари од 70 години, соопшти Владата.
„Планот е навистина готов во моментот, подготвени сме за работа уште утре доколку тие пристигнат“, рече Гигов пред Борисов.
Премиерот Борисов истакна дека во моментот кога ќе дојде првата вакцина, државата ќе биде подготвена за секој Бугарин кој сака да биде вакциниран доброволно и целосно бесплатно.
„Сите земји-членки инвестираа заедно во создавање на седум вакцини. Тие ќе дојдат во различни времиња, и секоја од нив има своја посебност. Ова е добро затоа што кога ќе бидат доставени до нашата земја, бугарските граѓани ќе бидат доволно информирани за која вакцина би сакале д аја одберат“, рече Борисов.