Ги „фрливме“ дебелите јакни, ама времето пак ќе се смени
Објавено во: Македонија 25 Март, 2019
Мала промена на времето, во следните три дена ќе предизвика повторно да ги навлечеме јакните.
Најновата временска прогноза која ја предвидуваат од УМХР за следните три дена носи промена на временската прогноза во однос на температурите кои ќе бележат пад за околу 10 степени. Слаби локални дождови се можни во западните и јужни делови а ќе дува и ветер од северен правец.
И метеорологот Славчо Поповски кој и е доста познат на јавноста прогнозира промени во времето и предупредува граѓаните да бидат повнимателни бидејќи тоа ќе влијаело, како што вели тој на притисокот.
Во петок температурите ќе се спуштат под нула, но дневните ќе растат.