13 Ноември, 2019
0.0188

ГИ НАДМИНАА АМЕРИКАНЦИТЕ: Oваа земја има најмногу милионери

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2019

Богатите Кинези се повеќе на број од Американците.

Сепак, во двете држави има сè повеќе милионери, според истражувањето на швајцарската банка Credit Suisse.

Годишниот „извештај за глобалното богатство” на Credit Suisse покажа дека до средината на тековната година 100 милиони Кинези се рангирани во првите десет проценти најбогати во светот, наспроти 99 милиони лица во САД. 

Бројот на милионери во светот од средината на 2018 до средината на 2019 година се зголеми за 1,1 милиони на 46,8 милиони, кои заедно имаат нето средства 158,3 трилиони долари, што е 44 проценти од вкупното глобално богатство, покажаа резултатите од студијата.

Од 1,1 милиони нови милионери, дури 675.000, значи повеќе од половината се од САД.

Бројот на милионери во Австралија е намален за 124.000, во Британија за 27.000, а во Турција за 24.000.

Во извештајот се заклучува дека 55.920 возрасни лица имаат богатство од најмалку 100 милиони долари, а 4.830 лица имаат нето средства од над 500 милиони долари.

Се предвидува и дека глобалното богатство, кое е зголемено за 2,6 проценти  лани ќе порасне за 27 проценти во текот на следните пет години, на 459 трилиони долари до 2024 година.

Бројот на милионери, ќе се зголеми во тој период, на скоро 63 милиони.

Втората најмала држава во светот Монако, со 38 300 жители е најгусто населена земја во светот, но и дом на 12 261 милионери.

Таа бројка, како што пишува Бизнис инсајдер, за само пет години скокнала 12 проценти, па сега секој трет кој живее во Монако поседува милион долари.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес кај бизнис заедницата од земјата и регионот за осмото издание на Самитот Македонија2025

Голем интерес кај бизнис заедницата од земјата и регионот за осмото издание на Самитот Македонија2025

Фактор позајми брзи кредити од најголемите друштва: ИутеКредит и СН со најниски трошоци, „Кредисимо“ не ви верува, „М Кеш” ќе ве изгори

Фактор позајми брзи кредити од најголемите друштва: ИутеКредит и СН со најниски трошоци, „Кредисимо“ не ви верува, „М Кеш” ќе ве изгори

ДОДЕКА ГРУЕВСКИ Е ОСЛОБОДЕН, сите ние кај Кинезите се задолжуваме уште 180 милиони долари за Кичево-Охрид

ДОДЕКА ГРУЕВСКИ Е ОСЛОБОДЕН, сите ние кај Кинезите се задолжуваме уште 180 милиони долари за Кичево-Охрид

Мила Царовска: Просечната пензија во 2020 ќе биде 15.500 денари

Мила Царовска: Просечната пензија во 2020 ќе биде 15.500 денари

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка во деветте месеци годинава

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка во деветте месеци годинава

Дали поради бизнисот Анѓушев навистина заминува од Владата на Заев

Дали поради бизнисот Анѓушев навистина заминува од Владата на Заев

Антикорупциска комисија ќе ја испитува државната помош за ТЕ-ТО

Антикорупциска комисија ќе ја испитува државната помош за ТЕ-ТО

Струмичките „Мастика“ и „Струмка“ носат милиони евра

Струмичките „Мастика“ и „Струмка“ носат милиони евра

СВЕДОШТВА: Платите ама и политичките фрустрации ги селат граѓаните во странство

СВЕДОШТВА: Платите ама и политичките фрустрации ги селат граѓаните во странство