ГИ ОТКРИ ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА: Продавале маски за лице за 5.000 евра
Објавено во: Свет 27 Февруари, 2020
Во Италија заштитни маски се продаваат и за цена од 5.000 евра, а на трговците им се заканува затвор.
Финансиската полиција открила луѓе кои продаваат маски за лице за цена од 5.000 евра за парче.
По избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, луѓето во неколку делови на Италија од аптеките и продавниците ги разграбале заштитните маски за лице и антибактериските гелови за раце, што предизвикува раст на цената на овие производи.Уште три лица починаа во Италија, со што бројот на жртвите во земјата се зголеми на 17, објави Агенцијата за цивилна заштита. Бројот на потврдени заразени случаи денеска се искачи на 650 лица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.