01 Јуни, 2023
0.0233

ГИ ПАЛАТ ХИЏАБИТЕ, СИ ЈА СЕЧАТ КОСАТА: Жените во Иран не можат да го доискажат гневот по смртта на младата Махса Амини

Објавено во: Свет 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Жените ширум Иран си ја сечат косата во знак на протест по смртта на Махса Амини, 22-годишната која беше уапсена од иранската полиција за морал, бидејќи не носеше хиџаб.

Амини почина во петокот, три дена откако беше уапсена.

Моралните полицајци ги имаат сите овластувања на агенцијата за спроведување на законот и имаат задача да ги спроведуваат строгите кодекси за облекување во земјата за жените, вклучително и носење хиџаб во јавност за покривање на косата и вратот.

За време на прес-конференцијата во понеделникот, командантот на полицијата во Техеран, Хосеин Рахими, ги негираше тврдењата дека иранската полиција и наштетила на Амини на каков било начин и рече дека „се е направено“ за да се одржи во живот несреќното девојче. Нејзината смрт ја нарече „несреќна“.

По смртта на Амини, протести избија низ Иран, при што жените ѝ пркосат на полицијата на моралот со сечење на косата, симнување, па дури и палење на нивните хиџаби во јавност и облекување како мажи за да се борат против полицијата.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како жени трчаат низ улиците на Техеран, како и во поконзервативните градови, упорно протестираат и извикуваат: „Жени, живот, слобода“.

Некои дури палат и уништуваат постери со слики на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи. Во меѓувреме, од петокот во земјата се документирани и прекини на интернет - тактика што локалната власт ја користеше во минатото за да го намали ширењето на протестите.

Смртта на Амини доаѓа во време на растечка контроверзност и отфрлање на кодексот на облекување за жените - кој важи од деветгодишна возраст и се однесува на граѓаните од сите националности и религии кои живеат во земјата, а не само за иранските муслимани.

Ова започна многу пред формирањето на сегашната Исламска Република. Во 1936 година, Реза Шах, владетел кој ги поддржуваше западните закони и идеали, се обиде да ја модернизира земјата со забрана на превези и шамии, но многу жени се спротивставија. Потоа, во 1979 година, исламскиот режим што следеше го наметна носењето хиџаб, а правилото беше запишано во закон во 1983 година, по што беше воспоставена полиција за морал.


Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото

НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото

БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари

ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија

ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија

Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

НАТО испраќа 700 војници на Косово и ќе прати уште ако има потреба

НАТО испраќа 700 војници на Косово и ќе прати уште ако има потреба

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин