Ги печати битолската печатница: Гласачките ливчиња чинат половина милион евра
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020
Печатницата Киро Дандаро од Битола ќе го испечати доверливиот изборен материјал, односно гласачките ливчиња. За услугата Државната изборна комисија на печатницата ќе и исплати најмногу 28 милиони денари односно 455 илјади евра.
Договорот е склучен на 24 јуни годинава, а услугата и материјалот ДИК треба да го плати за 30 дена.
Изборите се одржуваат на 15 јули, а се гласа и во понеделник и во вторник кога гласаат болни и лица кои се во изолација.