29 Март, 2024
0.0319

ГИ ПРЕПЛАЌАМЕ НОВИТЕ АВТОПАТИ? Компаниите што ги градат се најпрофитабилни во земјава

Објавено во: Економија 20 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Компаниите што се занимаваат со изградба на патишта и автопати биле најпрофитабилни во земјава во 2017 година. Според податоците добиени од Управата за јавни приходи, овие трговски друштва со остварена добивка од 83 милиони евра го заземаат првото место на топ- 10 листата на стопански дејности по висината на пријавената добивка за оданочување. На второ место со остварена добивка од 71 милион евра се наоѓаат компаниите од дејноста изградба на станбени и нестанбени згради.

Овие информации од најрелевантната даночна институција повторно фрлаат светло на прашањето дали плаќаме реална цена за изграбата на новите автопати, Демир Капија- Смоквица, Миладиновци- Штип и Кичево- Охрид или ги преплаќаме. Македонските даночни обврзници заслужуваат одговор како и зошто најпрофитабилни компании во земјава се оние кои работата ја добиле на јавни тендери, на кои државата треба да се труди да добие најниска можна понуда за соодветен квалитет. Секоја компанија работи за профит, тоа не е спорно. Но, во овој случај треба да се испита зошто на овие компании, кои ги плаќаме сите ние од државниот буџет, им е даден толкава маргина помеѓу остварените приходи и трошоци и со тоа овој сектор да биде со најголема пријавена добивка во минатата година.

Во јавноста веќе имаше коментари дека на компаниите кои ги градат, кинеската „Синохидро“ и грчки „Актор“ со нивните подизведувачи „Гранит“, „Бетон“, „Трансмет“ и „Илинден“, им се плаќа преголема цена по километар автопат. Делницата од Демир Капија до Смоквица, која во април беше пуштена во употреба, со должина од 28 километри ја чини земјава околу 270 милиони евра, а нејзината изградба ја следеа финансиски скандали кои резултираа со истраги во Грција и во Македонија. Грчкото обвинителство лани отвори постапката против „Актор“ за перење пари во висина од 50 милиони евра при изградбата на овој автопат врз основа на спроведената истрага од Европската канцеларија за борба против измами- ОЛАФ. Во земјава, СЈО сомничи десет физички и четири правни лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, дека ја фаворизирале грчката фирма на објавениот меѓународен тендер, и покрај тоа што италијанската компанија „Тото“ доставила најповолна понуда за изградба на автопатот. СЈО, исто така, отвори постапка и за перење пари при изградбата на делницата.

Другите два автопати ги гради „Синохидро“, се финансираат со кинески кредит во износ од 580 милиони евра, но сите рокови за нивно завршување се веќе пробиени. Делницата Миладиновци- Штип е долга 47 километри и првично чинеше 206 милиони евра, но со време цената порасна за нови 20 милиони евра. Автопатот Кичево- Охрид е во должина од 57 километри, а според договорот требаше да чини 373 милиони евра, но по откриените бројни нерегуларности во проектот и нерешени имотно правни односи се предвидува дека ќе поскапе за најмалку 100 милиони евра.

Инаку, според остварената добивка во 2017 година, на листата на УЈП понатаму следат секторите: товарен патен транспорт, вадење на други руди на обоени метали, трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна пијалаци и тутун, неспецијализирана трговија на големо, дистрибуција на електрична енергија, дејности на безжични текомуникации, производство на електрична енергија и производство на цемент.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра