25 Април, 2024
0.0269

Ги тресе политичка криза, но за две недели продадоа 14 тони злато

Објавено во: Економија 18 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Земјата која е во длабока политичка криза, Венецуела за две седмици продала скоро 14 тони злато за повеќе од половина милијарда долари. 

Во текот на двете изминати седмици властите продале 13,7 тони злато во вредност од 570 милиони американски долари, и покрај наметнатите санкции од САД, пишува во петокот агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на сопствени извори.

Властите во Каракас продале околу 9,7 тони злато на 10-ти мај и околу 4 тони на 13-ти мај. Но, не се знае кои земји ги откупиле венецуелските златни резерви.

Од почетокот на април, Венецуела продала околу 23 тони злато. Златните резерви на Централната банка на Боливарската Република сега изнесуваат 7,9 милијарди долари. Како што истакнува агенцијата, станува збор за најниското ниво во последните 29 години. Еден од неименуваните соговорници на Bloomberg нагласил дека средствата од продаденото злато делумно ќе бидат искористени за финансирање на увозот преку секторот за надворешна трговија на Венецуела.

Од 1-ви ноември 2018 година американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за воведување санкции со цел да ги блокира операциите на Венецуела, меѓу другото, и со резервите од злато. Вашингтон има намера да ја спречи владата на левичарскиот претседател Николас Мадуро „да го ограби богатството“ на земјата, изјавија тогаш од Белата куќа.

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо објасни дека тековните средби меѓу неговите претставници и претставниците на претседателот Николас Мадуро во Осло не се преговори, туку обид да се седне на преговарачката маса, пренесува „Ел Насионал“.

„Ова не е во никој случај не се преговори. Ова се обидите на Норвешка да дејствува како посредник и траат со месеци”, вели Гваидо.

Лидерот на опозицијата потсети дека ова е вторпат Норвешка ги покани страните во судирот во Венецуела да седнат на преговарачката маса во Осло.

Гваидо, кој беше прогласен за привремен претседател во јануари, веднаш беше поддржан од САД и нивните сојузници во Европа, како и поголемиот дел од јужноамериканските држави. Земјите како Кина, Русија, Иран, Мексико и Турција продолжуваат да го признаваат Николас Мадуро како легитимен лидер на земјата. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија