14 Јули, 2020
0.0439

Ги запознаваме ретките болести: 29 дена во февруари со 29 ретки дијагнози

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2019

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Северна Македонија.

Неофицијално во Република Северна Македонија има оклолу 2000 пациенти со ретки болести со приближно 100 различни дијагнози.

Во недостаток на информации и третман за ретките болести преку изработка на текстови , видео и аудио записи се планира да се запознаат граганите н на цела Северна Македонија со ретките дијагнози од кои заболуваат најчесто децата во нашата земја. Проектот треба да е од едукативен карактер за да може подобро да бидат разбрани дијагнозите како и:

- дали постои некаков третман

- кога болеста се дијагностицира

- начинот на дијагностицирање

- потребата од пренатална дијагностика

- потребата од генетско испитување на целото семејство

- број на заболени пациенти од истата дијагноза во Македонија

- број на заболени пациенти од истата дијаноза во светот

- МКБ идентификационен код на болеста

- клиники на кои се третираат болните

- дали во Северна Македонија е достапен некаков третман

- дали во Северна Македонија има здруженија кои помагаат на пациентите

- корисни линкови

- информации за електронскиот регистар на ретки болести

- информации од социјалната заштита и сл.

Со овој проект ќе ја подигнеме јавната свест со цел да ги доближиме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести, до јавноста и институциите.

Иако се направени повеќе чекори од институциите за подобрување на квалитетот на здравствените услуги за овие пациенти, сепак има уште многу да се направи, а токму ваквите активности придонесуваат кон поттикнување на решенија за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со ретки болести и нивните семејства. Кога некој се соочува со болест, целото семејство го носи товарот на таа болест.

Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...

Супер радио, Лолеска Гордана и „Живот со предизвици“ во февруари 2019 изработија проект “Ги запознаваме ретките болести “

За таа цел беа изработени 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови со различни ретки дијагнози кои беа  емитувани на територијата на цела Македонија.

Проектот „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“ започна со реализација во текот на цел февруари на територијата на цела Северна Македонија. Позитивниот ефект од самата кампања јавно беше искажан во медиумите од врвни професори кои ја знаат проблематиката но и од самите пациенти со ретки болести и од самите грагани.

Со таа цел сакаме  Проектот „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2020“  ќе продолжи и во текот на месец феруари 2020 година со одредени дополнувања на истиот како што се:

- аудио превод на албански јазик

- видео превод на албански јазик

- текстуален превод на албански јазик

- Обработка на истите материјали на знаковен јазик

(целта е да можат и луѓето кои се соочуваат со проблеми со слухот и говорот да ја разберат проблематиката на пациентите со ретки болести)

На овој начин ке се продолжи континуитетот со запознавањето на општата популација со ретките дијагнози  кој би довел до саканите ефекти на истиот. Во нашето соседство Албанија и Косово има пациенти со ретки болести кои се постојан контакт со пациентите, пациентските здруженија и професорите од нашата држава кои се занимаваат со проблематиката на ретките болести.

Токму на оваа група на пациенти од соседството би сакале да им помогнеме со информации за реките болести со тоа што проектот „Ги запознаваме ретките болести“ на албански јазик и веќе се направени преговори во овие земји да се емитува на нивните на нивните медиуми .

Исто така  Проектот „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2019“ ќе биде преработен за емитување на албански и знаковен јазик.

Бидејќи проектот е во крајна фаза на изработка би сакале да не иформирате дали во вашите медиуми би сакале да се емитува овој проект за да можеме навреме да ве исконтактираме околу вашето лого кое би стоело на самиот проект и ФБ страната „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“.

Линкови од проектот „Ги запознаваме ретките болести 2019“

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fplaylist%3Flist%3DPLkadfXfJzuNtmcoTHdlBHt2gX1pbNDB7-%26fbclid%3DIwAR3gWvCHocOu-dHDwF2SGcEU36Izal6RVTu-cTdnb3PerRZFO0wvRrNiFFo&h=AT3n-CuRXZEku0hWc3Dkl8qAiWF5wN-kQZN9Ziyy6tCGui5lrebd7JT5GEdSlNvnSLN9OPpGHmq3o53x0Zj5Yx9NRFdV26metVYTj6VWbVhAZEoDXixLcapuEs2AELm3w1r-uw

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwetransfer.com%2Fdownloads%2Ffb39b1e9ce91ba324b003d5ffda8ffec20190617173229%2Fecafcd%3Ffbclid%3DIwAR095Ky_-aNVKy90P_kXgBIpn8bNJkjePsOXdwtnz0SUTT2bJdLyMIthoH4&h=AT3n-CuRXZEku0hWc3Dkl8qAiWF5wN-kQZN9Ziyy6tCGui5lrebd7JT5GEdSlNvnSLN9OPpGHmq3o53x0Zj5Yx9NRFdV26metVYTj6VWbVhAZEoDXixLcapuEs2AELm3w1r-uw

Можеби ќе ве интересира

Бесплатен водич чекор по чекор: Како да тргувате со цената на акциите

Бесплатен водич чекор по чекор: Како да тргувате со цената на акциите

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

А1 Македонија подарува: Со нова активација на Е-сметка до електричен велосипед

А1 Македонија подарува: Со нова активација на Е-сметка до електричен велосипед

Ладење и греење со инвертер клими: Заштедете пари и електрична енергија

Ладење и греење со инвертер клими: Заштедете пари и електрична енергија

Светски агенции: Со користење на IQOS се намалува изложеноста на штетни материи

Светски агенции: Со користење на IQOS се намалува изложеноста на штетни материи

ДВА НОВИ ОНЛАЈН БОНУСИ ВО Sportlife

ДВА НОВИ ОНЛАЈН БОНУСИ ВО Sportlife

Заборавете на бактерии и вируси со правилно чистење и одржување на клима уредот

Заборавете на бактерии и вируси со правилно чистење и одржување на клима уредот

Huawei ја засилува вредноста на брендот, се искачува на рангирањето на BrandZ World’s Most Valuable Brands

Huawei ја засилува вредноста на брендот, се искачува на рангирањето на BrandZ World’s Most Valuable Brands

Каде одат донираните средства од веб-платформата solidarnost.gov.mk?

Каде одат донираните средства од веб-платформата solidarnost.gov.mk?