25 Април, 2024
0.1766

Гимназијалец на Нова се запиша на универзитетот каде завршиле двајца директори на ЦИА: Тасевски амбициозно кон Њујорк

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во тие клупи седеле двајца директори на ЦИА, но и познатите актери Алан Алда и Дензел Вашингтон. На „Фордхам“ универзитетот во Њујорк, САД од годинава своите студии ќе ги почне скопјанецот Теодор Пароло Тасевски. Гимназијалецот кој сега го завршува средното образование во Интернационалното училиште „Нова“ има големи амбиции. Сепак е скромен, а исклучително инспиративен. Сака да „гази“ во бизнис менаџментот, но планира да се образува и за комуникациски вештини. Младиот Тасевски е стипендист на еден од најпрестижните универзитети во САД, па прво го прашав кои беа предизвиците кога го избирал универзитетот.

Тасевски:  За мене голем предизвик беше локацијата и академската програма што универзитетот ја нуди. Се подразбира дека американскиот континент е една помалку позната средина за нас, па фактот дека со запишувањето на универзитетот „Фордхам“, јас би ги поминал следните четири години во околности и со начин на живот што треба дополнително да ги запознавам навистина не беше лесна одлука. Од друга страна, и академскиот аспект на факултетот беше предизвик при мојата одлука тука да се запишам. Како што напоменавте, се работи за еден од најпрестижните универзитети во САД што би значело дека со одлуката да се запишам на истиот, јас целосно се вложувам во напорното темпо на работа што е услов за успех на еден ваков универзитет. Околу моите амбиции, би рекол дека се стремам кон успех во светот на бизнисот, па верувам дека со диплома од еден од најдобро признатите универзитети во САД ќе ми се отворат многу врати во иднина.  

Како впрочем течеше целата процедура, изборот на универзитетот, апликацијата, тестирањата, како ве одбраа. Ако може детали околу целата процедура?

Тасевски: Процедурата во суштина беше доста едноставна. Јас универзитетот „Фордхам“ го открив уште пред една година кога штотуку почнав да истражувам факултети. Уште тогаш ми остави силен впечаток како универзитет што би бил погоден за мене, благодарение на врвната школа за бизнис која е сместена во самиот центар на Њујорк. Кога дојде времето за аплицирање, околу октомври 2018 година, бев сигурен дека би сакал да аплицирам таму. Апликацијата се состоеше главно од личниот есеј што секој кандидат го пишува кој што покрај академската ѝ дава и една лична димензија на апликацијата. Од страна на училиштето, секако, беше побарано да се испратат оценките што сум ги добил во текот на изминатите четири години, како и препораките што наставниците ги пишуваат. Како последно, не би можело да не се спомене испитот „САТ“ што го полагав пред да аплицирам. Овој испит е услов за запишување на било кој попрестижен универзитет во САД, па високиот резултат на ова поле претпоставувам дека беше еден од најважните фактори кога ме одбраа.


На што ќе бидете фокусирани во студирањето? Какви квалитети од друга страна се бараат на овој Универзитет? Кој може да биде стипендиран и да студира?

Тасевски: Насоката на моите студии ќе биде бизнисот или попрецизно „Глобален бизнис со фокус на финансии и економија“. Во прилог на студиите по бизнис, главно ќе бидам фокусиран на развивањето на академските вештини што верувам дека ќе ми бидат повеќе од потребни во иднина. Како додаток на академското знаење што ќе го стекнам со студирањето на „Фордхам“, би сакал истовремено да се посветам и на развивање на комуникациските способности  што се клучни за успех во светот на бизнисот. Верувам дека ваквите способности најдобро се стекнуваат со искуство, па се надевам дека моите искуства студирајќи во центарот на Њујорк ќе придонесат позитивно кон таа цел. Колку што знам, квалитетите што универзитетот ги бара кај студентите би биле: доследност, посветеност и интегритет. Јас сметам дека ги исполнувам нивните очекувања и ќе дадам сè од себе тоа да го докажам. Околу тоа кој може да биде стипендиран и да студира, може да студира секој што ќе ги исполни селективните критериуми за прием на универзитетот, а стипендии се доделуват на најквалификуваните апликанти.

Како функционира овој Универзитет? Какви кадри продуцира?

Тасевски: Универзитетот „Фордхам“ функционира по принципот на образование на друштвото „Исусовци“ како крило на католичката црква. Во суштина, овој универзитет бил основан од страна на Исусовските свештеници па и денес се практикуваат истите принципи на образование кои во својата срж се основани на една длабока, темелна едукација. Иако универзитетот е афилиран со католичката црква, не постои никаква верска догма во образованието и се поттикнува критичкото размислување. Околу кадрите што универзитетот ги продуцира станува збор за врвни бизнисмени, доктори, адвокати и уметници.


Кои се вашите моментни очекувања од студиите и по завршувањето?

Тасевски: Би излажал ако кажам дека немам високи очекувања од студирањето на„Фордхам“ и од она што следува потоа. Сметам дека следните четири години ќе ми овозможат еден феноменален старт во светот на бизнисот, благодарение на знаењето што ќе го стекнам и луѓето кои ќе ги запознаам.

Колку ви значеше учењето во гимназијата „Нова“ за оваа стипендија?

Тасевски: Учењето во гимназијата „Нова“ значително придонесе за моето запишување на овој универзитет главно благодарение на меѓународните образовни програми што ги нудат (ИБ и АП) што се потребни квалификации за прием на врвните странски факултети. Помошта од специјалните академски советници во гимназијата „Нова“ исто така придонесе да успеам да се запишам на „Фордхам“. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија