28 Март, 2024
0.0328

ГИС обука за агро-еколошко зонирање на земјоделското производство

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска ФАО во рамки на проектот за агро-еколошко зонирање на земјоделското производство одржува обука за географски информациски системи (ГИС) наменета заклучните институционални чинители во агро-еколошките пракси и политики.

Оваа обука е прва од серијата обуки во рамки на проектот чијшто цел е да се зајакне институционалниот и техничкиот капацитет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и релевантните институции за следење и анализа на системите за земјоделско производство,  развој на Национално агро-еколошко зонирање и Систем за управување со информациите за земјишни ресурси. Учесници на обуката се релевантни сектори од МЗШВ, претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот инспекторат за земјоделство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, Државниот завод за статистика, како и Факултетот за земјоделски науки и храна.  Експерти на ФАО ќе ги презентираат основните концепти во примена на ГИС и други информациски системи во земјоделството и современата агро-екологија, како и во развојот на агро-еколошки зони.

Главната цел на проектот за агро-еколошко зонирање, кој почна да се спроведува на почетокот на 2018 година е да овозможи точни информации за подобноста за одгледување на одредени земјоделски култури и сорти во дадени производни реони согласно почвено – климатските услови. Тоа ќе придонесе да се подобри земјоделското производство преку добро информирани инвестиции, да се зголеми адаптивниот капацитет кон климатските промени,  да се подобри информирањето за земјоделските анализи и политики, што позитивно ќе влијае на продуктивноста и профитабилноста на земјоделското производство.

Во изминатиот период ФАО и МЗШВ во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи изготвија просторна презентација на климатски податоци во форма на карти за температура, дождови, евапотранспирација на ниво на цела држава. Во моментот се изготвуваат првите пилот агро-климатски зони кои претставуваат области со одредени агро-климатски карактеристики, кои заедно со почвените информации ќе бидат основа за изготвување на агро-еколошки зони.  Сето ова ќе биде од значителна корист за диверзификација и зголемена продуктивност на културите и одржливо земјоделско производство. Агро-еколошките зони ќе помогнат да се подобри ефикасноста и потенцијалот на земјоделското производство, а креаторите на политики ќе можат да ги користат информациите за креирање на оптимални земјоделски политики во корист на земјоделците.

ФАО се очекува да ја претстави мапата на агро-еколошки зони за Северна Македонија до крајот на 2019 година.


Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира