25 Април, 2024
0.0301

Ѓорче Петров му даде нов рок на Кочан за општинската зграда: Каква судбина ќе има Емпорио?

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Општина Ѓорче Петров му даде нов рок на „Трансмет“, фирмата на бизнисменот Сеад Кочан, која во рамки на деловниот центар Емпoрио во оваа населба, ја гради и општинската зграда. Според најновиот анекс од годинава на договорот кој општината и „Трансмет“ го потпишаа во јуни 2013 година, оваа фирма има време да го доврши објектот до 31 октомври годинава. Дали ќе се случи тоа со оглед на тоа што компанијата ги стопираше активностите и има блокирани сметки, не се знае. Општината и „Трансмет“ во овој проект се партнери, односно Кочан не плати за локацијата, ама требаше да ја изгради општинската зграда.

Од општината велат дека во меѓувреме тие почнале постапка и за измена на одобрението за градење.

„Со последниот анекс договор рокот за изградба и опремување на административната зграда на општината е продолжен до 31.10.2018 година. Во меѓувреме општината почна постапка за измена на одобрението за градење, на начин што ќе биде предвидено фазно градење, а во прва фаза треба да биде изграден делот кој што треба да припадне на Јавниот партнер и истиот до крајот на октомври ќе биде запишан во Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, на име на јавниот партнер општина Ѓорче Петров“, велат од општината за Фактор.

Оттаму не коментираат дали се точни информациите дека Кочан го продал објектот, но со оглед на тоа дека се уште анексите се на договорот кој беше склучен со неговата фирма „Трансмет“, може да се заклучи дека уште формално ништо не е променето.

Инаку Договорот кој беше склучен во јуни 2013 по спроведена постапка со јавен оглас, предвидуваше приватниот партнер, компанијата „Трансмет“ да изгради административна деловна зграда со бруто површина од 15.000 метри квадратни и подземен паркинг простор.

Од вкупната површина, 24 отсто односно 3.600 метри квадратни и 40 паркинг места под објектот припаѓа на јавниот партнер, општина Ѓорче Петров, а 76 односно 11.400 квадрати на приватниот партнер. Општината не учествува со финансиски средства туку со градежното земјиште кое е во сопственост на државата. Општината го ослободи приватниот партнер од надоместокот за уредување на градежно земјиште во висина од 40 отсто, односно тоа е делот од надоместокот за уредување на градежно змејиште што им припаѓа ним. Претходно кон договорот биле склучувани и други анекси.

„Еден анекс е на 29 јануари 2015 година со кој се определени реалните делови кои треба да припаднат на Јавниот и на приватниот партнер, како и обврска на приватниот партнер за делот на надоместокот за уредување на градежно змејиште во износ од 10.718.091 денари за кој е ослободен од градот Скопје, да ја опреми општинската зграда со мебел и друг вид на опрема во рок од 90 дена по завршувањето на објектот“, објаснуваат од општината.

Првично рокот за изградба  на административно-деловната зграда согласно договорот изнесувал 30 месеци сметано од денот на правосилноста на одобрението, односно до 3 мај лани.

Тој рок бил продолжуван неколку пати со неколку анкеси. Последните две одлуки биле донесени едногласно од сите членови на советот на општината.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско