Ѓорчев до Хари Локвенец: Вие сте судија и кадија, тој му врати
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2018
Вие сте судија и кадија, му се обрати пратеникот Влатко Ѓорчев вечерва во Само вистина на Канал 5 на Хари Локвенец.
Тој рече дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е неспособен, а власта има договор за луѓето од 27 април. Ѓорчев тврди дека граѓаните се незадоволни и дека владеењето на СДСМ е катастрофално.
Локвенец рече дека за бегството на Никола Груевски немаат одговор. Вели дека тоа е резултат на кукавичките јајца кои секаде ги посадиле.