Ѓорчев испадна: Со овој кандидат ВМРО ДПМНЕ ќе се бори за претседателска функција
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019
И официјално ВМРО ДПМНЕ го избра кандидатот со кој ќе настапи на претседателските избори.
Тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова .
Таа уште на почетокот се издвојуваше како фаворит од сите кандидати, а денеска делегатите на опозицијата и ја дадоа поддршката токму нејзе.
Од вкупно 519 делегати кај Силјановска отидоа 408 гласови.