Ѓорги Спасов: Тамара ги замолчи сите што бараа да не учествуваме на Евровизија
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2019
„Толку ни требаше
Толку ни требаше барем само за момент,макар во една област, цел свет да види дека
можеме и ние да бидиме победници во натпревар со сите земји од Европа. Толку малку ни требаше за да се почуствуваме сите единствени
вредни и горди.
Додека Тамара пееше во име на Северна Македонија, музичкиот уредник на британската телевизија БиБиСи прокоментира: "Вие разговарајте за географија а јас ќе уживам во песнава".
Тамара ги замолчи сите што бараа да не учествуваме на Евровизија и парите да се потрошеле на покорисни работи.
Таа и тимот вечерва ја демонстрираа и моќта на музиката во промоцијата на националниот идентитет, градењето единство и јакнењето на националната гордост. И затоа ги заслужуваат сите честитки.“
Фејсбук стстус Ѓорги Спасов (македонски политичар, дипломат и универзитетски професор)