19 Март, 2025
0.1425

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2025 15:43

Добивај вести на Viber

Во најновата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на најголемата млекарница во државава, „Млекара“ АД Битола („Бимилк“). Петрушев претставува редок пример на кадар кој својот професионален развој го поминал и во државниот и во приватниот сектор.

Во подкастот Петрушевзборува за напредувањето во професионалниот живот, кој го започнал во јавниот сектор, од самостоен соработник во Агенцијата за санација на банки преку раководител во Македонската банка за поддршка на развојот до државен секретар во Министерството за економија на Република Македонија и за неговата одлука да премине во приватниот сектор.

Првото вработување во приватниот сектор му е во Групацијата М6, каде што бил задолжен за напредокот и за ребрендирањето на „Тиквеш“, како и за трансформацијата на производството од наливно вино до вино во шише – производ со додадена вредност.

Според него, работата во Агенцијата за санација на банки му помогнала во градењето на неговата личност како професионалец, преку неговиот ангажман за намалување на долгот на државата од емисијата на државните обврзници, со кој бил саниран билансот на „Стопанска банка“ Скопје, која во тој период сè уште не била приватизирана, според примерот на Словенија, која го поминала тој процес. Тој ги истакнува „Пивара“ АД Скопје  и „Тиквеш“ Кавадарци како позитивни примери за добри побарувања. „Пивара“ АД Скопје претставувала првиот затворен случај во Агенцијата кој успеал максимално да ги искористи придобивките и веднаш да го затвори својот долг. Соработката со „Пивара“ АД Скопје му овозможила да увиди како функционира една добро организирана и структурирана компанија.

Во разговорот со Азески тој истакнува дека за економски развој на државата од голема важност е соработката меѓу државниот и приватниот сектор, а прв таков обид на една маса да седнат и јавниот и приватниот сектор се остварил преку формирањето на Националниот совет за претприемништво, при што државата имала можност да ги искористи искуството и добрите практики на приватниот сектор. Според него, денес тоа продолжува со формирањето на Националниот совет за извоз, со кој претседава претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, а со него на иста маса седат премиерот на Владата на РСМ, претставници на бизнис-секторот и  претставници на државните институции и таму ќе се одвива јавно-приватниот дијалог, ќе се третираат области и прашања поврзани со извозот и ќе се канализираат сите предизвици и пречки со кои ќе се соочуваат компаниите во своите извозни активности, не само во регионот, туку и пошироко.

„Националниот совет за извоз, кој започна со работа, навистина ќе обезбеди  форум на кој нема да се зборува само за политики, процедури и барања, туку компаниите ќе се едуцираат и ќе им се помогне во нивните извозни напори, а извозот е потребата на оваа земја. Ние сме толку мала економија што сами за себе апсолутно не сме доволни“, изјави Ѓорѓи Петрушев.

Во продолжение на подкастот зборува за пробивањето на винаријата „Тиквеш“ на регионалните пазари и пошироко и за отворањето винарија во Франција. Според него, рецептот за успех е поголема присутност на светските пазари преку поорганизиран и заеднички настап на компаниите, со поддршка од државата и од Комората, како и моќта на харизмата и на интеракцијата со луѓето. Посебно го истакна примерот со германската канцеларка Ангела Меркел, која одела, соработувала и ги предводела  мешаните државни стопански делегации во претставувањето на нивното производство заради освојување нови пазари.

Петрушев во разговорот со Азески изјави дека државата нема стратегија за поддршка на македонските брендови и дека постои мислење оти компанијата може сама да работи зашто веќе има силен бренд.

Запрашан од аспект на човек кој работел во јавната администрација зошто нема интерес бргу да се решаваат предизвиците за кои постојано зборува Стопанската комора, како што се 1) борбата против корупцијата и сивата економија, 2) брзата гасификација на државата и 3) инвестициските и извозните активности на компаниите  кои можат да обезбедат континуиран економски раст на државата од над 4 %, Петрушев објасни дека се потребни акција и брза операционализација на она што го предлага Комората како гласноговорник на бизнисот.

„Млекарница“ АД Битола, како водечка млекарска компанија во државава, за своите активности за општествена одговорност годинава беше наградена со Орден на мирот од Детската амбасада за сите деца во светот. Компанијата е основана во 1952 година и опслужува повеќе од 1 милион потрошувачи со безбедни и нутритивни млечни производи. Во својата повеќе од 70-годишна традиција континуирано инвестира во својата база на сурово млеко, модерна технологија, ESG и во иновации на производите.

Целиот разговор на линкот. 


Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика