19 Април, 2024
0.0330

Ѓукановиќ и по децении пак размислува да биде претседател на Црна Гора

Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Мило Ѓукановиќ како да прави пауза од децениското владеење со Црна Гора, па размислува повторно да се кандидира за претседател на државата во која слегна прашината по „галамата“ која се крена со нејзиното зачленување во НАТО па и обидот за организирање атентат врз вечмиот политичар.

– На претстојните претседателски избори ДПС ќе предложи доволно квалитетен кандидат, со кој ќе оствари важна политичка победа и ќе ја зацврсти евроатлантската насока на Црна Гора, изјави Ѓукановиќ во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Ѓукановиќ нагласи дека сепак, не е исклучено на изборите, што ќе се одржат најверојатно во март следната година, токму тој да биде кандидатот на ДПС за претседател.

– Кога и да биде потребно ќе направам се со цел тоа оставрување да се зачува и унапреди, па затоа никогаш нема да бидам во дилема дали да се ангажирам или не, порача Ѓукановиќ.

Како што јави МИА, Ѓукановиќ кон крајот на октомври изјави дека „се подготвува да заземе една од највисоките функции во државата“, но ДПС е таа што ќе реши дали тој ќе биде премиер или ќе се кандидира за претседател, а на почетокот на месецот во настап на една трибина ја остави отворена можноста да се кандидира за нов претседателски мандат.

Ѓукановиќ од минатата година не врши никаква голема државна функција, освен што и натаму ја предводи владејачката партија ДПС. Тој беше претседател на Црна Гора од 1998 до 2002 година, а премиер во безмалку целиот преостанат период од 1991 до 2016 година.


Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот