25 Април, 2024
0.0573

Ѓулер им порача на демонстрантие да се повлечат од паркот Гези!

Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави денеска дека е неопходно демонстрантите да се повлечат од паркот Гези во Истанбул и да користат различни методи од сегашните за изразување на барањата. Ѓулер нагласи дека форматот на сегашните протести акции е неприфатлив. „Таксим, паркот Гези – тоа се места отворени за посета. Во моментот, луѓето кои се наоѓаат таму им пречат на посетителите слободно да се движат. Во паркот има демонстранти и провокатори. Сите видовме што направија маргинални групи. Таа акција не може да продолжи на тој начин. Треба да се спречи додека не е нанесена поголема штета“, изјави Ѓулер. Тој додаде дека властите и полцијата се подготвени да преземат мерки за извлекување на демонстрантите од паркот Гези. Ѓулер вети дека во таков случај нема да се преземат мерки со употреба на сила. Турски адвокат изјави денеска дека демонстрант кој бил повреден во судирите со полицијата, починал во болница со што бројот на жртвите од двонеделните антивладини протести во Турција е пет луѓе, а повредени се повеќе од 5000 демонстранти. Според авокатот, починало 26-годишно момче кое било неколку дена во кома откако било погодено во главата со гасна бомба со солзавец за време на протестите во Анкара на 1 јуни. Меѓутоа, деновиве ОН и САД ги повикаа демонстрантите и Владата во Турција на дијалог за надминување на недоразбирањата и прекин на демонстрациите и употребата на сила. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека граѓаните имаат право на демонстрации и повика на дијалог меѓу Владата и демонстрантите. Портпаролката на Белата куќа Катлин Хејден, изјави дека САД се вознемирени од ситуацијата во Турција и упатуваат повик за дијалог меѓу Владата и демонстрантите. „Продолжуваме со вознемиреност да ги следиме случувањата во Турција и ја поддржуваме слободата на говорот како и правото за мирни демонстрации,“ изјави Хејден.    

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)