Ѓулистана Марковска: Oва што го прави БЕСА е кочење на процесот и уценување
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2019
Заев многу ризикува кога во последен момент дозволува да се менуваат работите, изјави поранешната пратеничка, Ѓулистана Марковска во Топ тема на Телма.
„Мора да разбере дека не можеш во животот на сите да им се допаѓаш и да бидеш попустлив. Оваа драмолетка со БЕСА е последица на лошото водење на преговорите“, вели Марковска.
Смета дека БЕСА одбра многу погрешен тајминг, во 5 до 12, без дебата. Вели дека ова што го прави БЕСА е кочење на процесот и уценување.