Гласањето ќе се продолжи на 11 места
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2021
Државната изборна комисија соопшти дека гласањето ќе биде продолжено по 19.00 часот на 11 избирачки места поради доцнење, односно проблеми со биометрискиот систем.
До 12.30 часот до ДИК се пристигнати 48 приговори за остварување на избирачко право, од кои 26 се прифатени, 4 одбиени, додека другите се во обработка. Во 11 избирачки места гласањето било во прекин повеќе од еден час и ќе продолжи по 19 часот.
ДИК информира дека на шест места се користи стариот метод со УВ ламба, оти нема теренски возила за да им се заменат уредите или батериите.
Објаснувањето за метежот и долгото чекање за да се оствари правото на глас на некои места е затоа што се пуштаат само по еден гласач заради ковидот.
Во 19 часот ќе им се дозволи да гласаат на сите што ќе бидат затекнати на гласачкото место.