Гласањето се одвива во демократска атмосфера
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2020
Сите гласачки места утрово се отворени навреме и процесот се одвива непрекинато и без проблеми, изјави портпаролот на ДИК Адмир Шабани.
Шабани го соопшти процентот на изленоста на гласањето вчера во казнено-поправните домови, старските домови и на боните и немоќните на целосно обработени податоци.
Во казнено-поправните домови од вкупно 1 657 лица, гласале 1.282 или 86,86 отсто.
Од вкупно пријавени 8.325 пријавени болни и немоќни лица, гласале 94,04 проценти, додека во старските домови од 357 гласачи, се изјасниле 234 или 80,62 отсто.
За 9.30 часот е закажана првата прес-конференција во ДИК за излезноста до 9 часот, по што на секои два часа ќе се информира за текот на гласањето на десеттите по ред парламентарни избори.