28 Март, 2024
0.1271

ГЛАВАШЕВИЌ ДОБИ ОДГОВОР ОД ПЛЕНКОВИЌ: Дали Хрватска може да не заштити од „бугарскиот булинг“?

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Пратеникот Бојан Главашевиќ по два месеци доби одговор од хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ за тоа дали Хрватска може да ја заштити Македонија од како што тогаш рече „бугарскиот булинг“. 

Тоа што во одговорот го зачудува Главашевиќ е формулацијата дека Хрватска ќе се залага за решавање на „јазичното прашање" и за што е комуницирано со официјални бугарски лица. 

„Хрватска како земја која претседаваше со Европската унија, силно се залагаше за потпишување на статусниот договор помеѓу Северна Македонија и Европската Унија во поглед на соработката со Фронтекс и управувањето со границите и притоа укажавме на важноста од решавањето на прашањето за јазикот, како предуслов за предметниот договор. Затоа комунициравме со нашите колеги од ЕУ, како и со бугарските официјални лица, истакнувајќи ја важнoста oд соработката со земјите од југоисточна Европа во спречувањето на незаконските миграциски притисоци, истовремено укажувајќи на влијанието на нерешеното прашање на јазикот во јакнењето на соработката со Северна Македонија во ефективното управување со миграциите", се вели во одговорот. 


Но, пратеникот прашува зошто се проблематизира јазикот. 

Целосно е нејасно зошто Владата прашањето на македонскиот јазик го смета за 'нерешено'? Лингвистички, тука нема ништо што не е решено и непознато. Формулацијата на ваков начин дава впечаток дека се поддржува бугарската позиција, која пак е втемелена на политиката, а не на лингвистиката. Затоа, ќе бараам дообјаснување", вели Главашевиќ.

Тој во одговорот гледа и став на хрватската Влада кој е поволен за Македонија, а тоа е дека кабинетот на Пленковиќ смета дека спорот помеѓу Македонија и Бугарија треба да се реши по билатерален пат. Неговиот вкупен впечаток е дека Македонија има поддршка во Хрватска, но исто така и дека владата на Пленковиќ не сака да внесе немир во своите односи со Бугарија. Како што проценува, на тоа има влијание политиката на Европската народна партија, на која припаѓаат ХДЗ и партијата на Бојко Борисов ГЕРБ.

Инаку, на денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок, соопштија за МИА извори од Комисијата.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија