28 Март, 2024
0.0260

ГЛИГОР БИШЕВ: Организацијата и корпоративната култура се клучни за успех на компанијата

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Генералниот извршен директор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев во денешното интервју за МКД.мк детално говори за Програмата за менаџери претприемништво и лидерство, нагласувајќи дека на овие предавања ќе се зборува за перспективите за иновации, знаења и развој на нови услуги и институции кои се од директна корист за компаниите. Обуката почнува на 9 декември, а ќе трае до почетокот на јуни 2022 година. Предавачи се 30-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научната фела кои ќе пренесат практични искуства.

Бишев, кој волонтерски ја извршува и улогата на претседател на Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Стопанската комора на Македонија, во интерјуто за МКД.мк посочува дека преку изнесување на позитивни домашни и странски успешни примери сакаат да го зголемат ентузијазмот и мотивираноста и да создадат менаџери кои се подготвени да се справат со секаков предизвик.

-Нашиот пристап не е кои се проблемите, туку, кои се успешните приказни, кои се факторите и кои се најдобрите практики за успех, за меѓународно конкурентна и профитабилна компанија, која е општествено одговорна и дава придонес во општеството. Преку изнесување на позитивни домашни и странски успешни примери, ние сакаме да го зголемиме ентузијазмот и мотивираноста и да створиме менаџери/претприемачи кои се подготвени да се справат со секаков предизвик, вели во интервјуто за МКД.мк Глигор Бишев, генерален извршен директор на „Шпаркасе банка“ АД Скопје

Осумте модули од оваа Програма треба да го поткрепат слушателот со една општа менаџерска култура која треба да ја има современиот менаџер. Слушателите ќе се стекнат со знаење и вештини потребни за секојдневното тековно работење на компанијата.

-Во современиот свет знаењето се повеќе станува апликативно. Уште повеќе, во програмите за високо образование како составен дел на образованието се повеќе се вклучува практичната работа. Гледано од тој аспект она што го прави Стопанската комора на Северна Македонија е во согласност со трендовите во високото образование и светските практики. Акцентот на овие програми е вработените кои се стекнале со искуство во работењето во компаниите и стигнале до одредено ниво во развојот на кариерата да се стекнат со знаење на практичните аспекти во водењето на компаниите, бизнисите, носењето на одлуки, лидерските вештини, работењето под стрес, водењето на преговори и сл.. Тоа се исклучително важни аспекти за водење на успешен бизнис, за зголемена конкурентност на македонските компании. Комората користејќи ги ресурсите на голем број успешни бизнисмени и компании, исто така и на академски експерти, сака да го пренесе искуството, вештините за водење на бизнис и на тој начин даде придонес во стварањето на идните лидери што ќе го водат бизнисот во Македонија и ќе се натпреваруваат на светската бизнис сцена.

Во однос на прашањето каде може да се лоцираат најчестите проблеми кај менаџерите, дали во во нивните вештини или во условите во кои работат, Бишев вели:  

-Организацијата и корпоративната култура се клучни за успех на компанијата. Притоа, тоа не се работи што треба да се добро дефинирани и ставени на хартија. Тие мора да живеат, да бидат прифатени и применувани од секој вработен. Од тој аспект компаниите не се делат на домашни и странски, туку на успешни и неуспешни. Работа на менаџментот е секој вработен да ја знае својата улога, да знае дека е дел од тим што има јасно определени цели, задачи и само работејќи тимски можат да се остварат резултати. Сите овие прашања ќе бидат дискутирани во текот на обуките. Притоа, нема да постојат класични предавачи и слушатели. Сите треба активно да партиципираат во дискусијата, да ги презентираат практиките во својата компанија и да дадат предлози што може да се направи подобро, поефикасно. Сакаме овие обуки да ги направиме тимски, а и да изградиме пријателства и поврзаност помеѓу учесниците и компаниите.

Целото интервју на МКД.мк


Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон