Глигорие Гоговски докупи нови 3.000 акции од ТТК Банка
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2018
ТТК Банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза, дека г-н Глигорие Гоговски, Претседателот на Надзорниот одбор, се стекна со нови 3.000 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје.
Откако претходната недела Гоговски купи 1.000 акции од ТТК Банка, со оваа нова своја инвестиција, тој се повеќе го зголемува влогот во Банката, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 907.888 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 900,00 денари.
Претходната трговска седмица акцијата на ТТК Банка беше во фокусот на инвеститорите и беше четврта најтргува акција според остварениот промет на сегментот берзанска котација на Официјалниот пазар.