Глобална рецесија ќе има до крајот на 2019 година?
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2019
Нобеловецот Пол Кругман вели дека има големи шанси до крајот на 2019 година да има рецесија во светот.
Една од причините е трговската војна меѓу САД и Кина која трае долго време.
Тоа влијае на деловното и потрошувачкото опкружување.
Кругман вели дека малку е веројатно дека еден фактор ќе доведе до криза, туку тоа ќе биде низа од фактори.
Тој рече дека веќе се забележува дека балонот ќе се издиши, и дека технолошкиот сектор има забавен раст.