25 Април, 2024
0.0306

Го држел тутунот да скапува

Објавено во: Економија 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Против поранешен генерален директор на на „Тутунски комбинат“ Прилеп, со иницијали А.Д. (48), е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ при набавка на 110.160 килограми тутун, со која била предизвикана материјална штета од 15.926.209 ден.

Министерството за внатрешни работи денеска соопштени дека пријавениот во текот на 2013 и 2014 година договорил  набавка на 110.160 килограми тутун од индиско потекло  и наредил нејзина исплата  преку фирмата „Универзал – лиф тобако компани“ без да биде донесена одлука од одборот на директори и без склучување договор за набавка со добавувачот. И покрај тоа што пред приемот на тутунот, со дегустација на испратените мостри од соодветни лица имало забелешка дека тутунот отстапува од тежината и  влагата,  според пријавата, пријавениот ја прифатил понудата. При пристигнување на тутунот била сочинета приемница, а во текот на 2014 година било извршено плаќање кон добавувачот во вкупен износ од 15.926.209 денари.

– При извршената ревизија од страна на секторот за внатрешна ревизија за постапката за набавка на тутунот со индиско потекло и ревизија за продажба на режан тутун во 2012, 2013, и 2014 година  биле констатирани поголем број забелешки околу набавката на 110.160 килограми тутун во текот на 2013 година, кој се наоѓал во магацините и не бил искористен при извозот на режан тутун за Албанија. Неискористувањето на предметниот тутун предизвикало поскапување заради негово одржување и пропаѓање поради губење на квалитет со што била предизвикана штета на Комбинатот. Со овие дејствија пријавениот предизвикал материјална штета од 15.926.209 ден, стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ