ГО ИМААТ ОНА ШТО НИЕ ГО НЕМАМЕ: Ова се градовите со најчист воздух
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2019
Хонолулу, на Хаваи е еден од градовите со најчист воздух во светот.
Зад нив е Аделаида, во Австралија. Тој неколку пати е прогласен за еден од најчистите градови во светот, но и високо е рангиран на списокот на најдобрите места за живеење.
Калгари, во Канада е чист поради распределувањето на органската храна и рециклирањето на различните материјали.
Хелсинки во Финска има повеќе од 3.800 километри велосипедски патеки.
Рејкјавик во Исланд е еден од петте најчисти градови во светот. Градот е целосно посветен на користење на алтернативните извори на енергија – околу 90 проценти од градот се затоплува и се снабдува со струја преку геотермална енергија.
фото Википедија