ГО НАШЛЕ ВО БАЧИЛО ЗДРАВ И ЖИВ: планинар од Скопје се одвоил од групата и се изгубил
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020
Четириесет и девет годишен планинар од Скопје вчера се изгубил на Шар Планина, бидејќи се одвоил од групата.
За среќа, двајца негови другари од планинарската група, заедно со полицијата, го пронашле здрав и жив во бачило, утрово околу 6 часот.
Планинарот залутал на косовска територија поради магла, а бил најден во бачило во месноста „Коњушка река", јавува МИА.
„Во 20 часот и 40 минути, З.Б.(41) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека група од 8 планинари од Планинарското друштво „Љуботен" се движела на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце и дека планинарот Г.И.(49) од Скопје, кој се оддалечил од групата, поради густата магла, залутал на косовска територија“, соопштил Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Планинарот бил најден без повреди и во добра здравствена состојба.ГО НАШЛЕ ДРУГАРИТЕ ВО БАЧИЛО ЗДРАВ И ЖИВ: