Го прегазиле, го ограбиле и го оставиле во слепа улица по што починал
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2022
Старец починал откако го прегазиле со автомобил, го ограбиле и го оставиле во слепа улица.
70-годишниот Ахмед Кокица пред две недели излегол од работа на пат кон дома, по што автомобил го прегазил на крстосница во скопската населба Топанско поле. Според членовите на семејството, со кои разговараше новинар на Алсат, луѓето кои биле во автомобилот, наместо да му укажат помош и да го однесат во болница, го ограбиле старецот и го оставиле во слепа улица. Тој паднал во кома и починал по неколку дена.