25 Април, 2024
0.0264

Го преживеала коронавирусот, а потоа добила вртоглави сметки од болницата

Објавено во: Свет 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Џенет Мендез започна да добива сметки набргу откако се врати во април во домот на нејзината мајка од болницата  Mount Sinai Morningside hospital, откако се излечила од коронавирусот. 

Прво, добила сметка од 31.165 долари, пишува Њујорк Тајмс. 

Не можела да работи и решила да се фокусира на своето закрепнување.

Следното било невозможно да се игнорира, откако добила фактура за 401.885,57 долари, иако болницата ќе ја намали сметката на 326.851,63 долари како „придобивка од финансиска помош“.

Мендез е оптимист дека нејзината осигурителна компанија ќе покрие голем дел од трошоците, но само откако ќе прими серија вознемирувачки телефонски повици од болницата за да плати.

Портпаролот на болницата изјавил за „Тајмс“ дека Мендез по грешка добила сметка што требала да се упати директно во нејзината осигурителна компанија или до владата. Пациентите со коронавирус, преку низа федерални пакети за помош, треба да бидат во голема мерка ослободени од плаќање за најголемиот дел од негата која ја добиваат.

Но, веројатно ќе се појават грешки, особено ако се има в предвид бројот на луѓе кои неодамна го загубија здравственото осигурување во услови на економски пад и губењето на работни места. И кога ќе се случат, пациентите како Мендез ќе бидат оние кои мораат да го решат комплицираниот процес на наплата во време кога сè уште се опоравуваат од Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница