29 Март, 2024
0.0311

„Го сакам Водно“: Претседателот со вонредна состојба и армијата може да ги спаси шумите

Објавено во: Македонија 14 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓанските активисти од иницијативата Го сакам Водно ќе ја продолжат битката за спас на шумите и природните подрачја кои треба да бидат заштитени со посебни правила кои ќе спречат нивна узурпација или уништување за нечии интереси. Состојбата со шумските пожари, како и кражбата на дрва како сериозен облик на организиран криминал, според активистите од Го сакам Водно станува алармантна. Од идниот претседател на државата очекуваат да биде предводник во заштита на природата, шумите и животната средина што произлегува од неговите обврски како заштитник на народот. Со употреба на армијата и преземање на одлучна акција може да се спаси фондот на шуми. Кандидатите за претседател треба да дадат зелена заклетва зад кој освен декларативни залагања треба да постојат и конкретни политики со цел да се надмине оваа состојба на недоверба кон институциите и никнување на постојани нови кризни точки во животната средина.

Фактор: Што очекувате од идниот претседател на РСМ во областа на заштитата на животната средина во рамки на неговите ингеренции?

Го сакам Водно: Претседателот на една држава пред се е пример и поттик за секој граѓанин на нашата земја. Неговото иницирање на горчливи еко теми и лобирање за нивно разрешување е несомнено од клучна важност и е она што ние како еко активисти го очекуваме од него во поглед на проблемите кои ги имаме со заштита на животната средина, во вид на аерозагадување, концесии за рудници, диви депонии, увоз на отпад, подметнати пожари, неконтролирана сеча и тн. Можеме слободно да кажеме дека сме дури и во отворена специјална војна за заштита на правото на здрава животна средина. Претседателот на земјата претставува врховен командант кој има ингеренции во рамки на нормалното функционирање на државата така да во услови на загрозеност на животната средина тој може и мора да влијае во една таква борба. Сепак, улогата на претседателот е заштитник на народот и земјата кои ги претставува и како таков треба и да предничи во таа борба.

Вашата главна преокупација е заштита на Водно од градежната експанзија и изградбата на гасоводот. Што може да направи претседателот по ова прашање, како и да се спречи во иднина нови последици врз природни зони кои треба да бидат заштитени?

Го сакам Водно: Гасоводот на Водно е веќе завршена приказна. Сечата, иако помала од предвидената, е веќе направена, тука останува единствено да се направи ревитализација на трасата, во вид на потревување, и евентуални нови пошумувањеа на самата планина, нешто за што и така се обезбедени средства. Можеби повторно е време за големи акции каде би била ангажирана и армијата но, и широката популација, нешто на што претседателот може да биде директен покровител. Но, не е само Водно кое е загрозено, имаме сериозни проблеми и на Скопска Црна Гора, Шар Планина, Пелистер, Галичица, Кожув, и тн. Со оглед на тоа колку алармантна станува состојбата со дрвокрадците и штетите кои тоа ги предизвикува на природата и на животната средина, можеби е веќе време претедателот да прогласи вонредна состојба и армијата на РСМ да се анагажира по тоа прашање на зачувување на нашите шуми.

Фактор: Дали кандидатите треба да дадат „зелена заклетва“ дека навистина ќе се залагаат за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина и колку тоа ќе биде важно да се направи пред истекот на кампањата?

Го сакам Водно: „Зелена Заклетва“, која би била изречена јавно, со силна содржина, гласно, пред секој граѓанин на нашата земја, секако дека е од особена важност. Да се даде пред истекот на кампањата, ако е само декларативна, е ништовна. Потребно е идниот претседател на државата и навистина да стои зад неа. Честопати сме биле сведоци како политичарите едно ветуваат пред, а сосема друго прават после изборите, што свесно а, што од незнаење и не грижа. Не би сакале и овој пат тоа да биде случај.

Х. С.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница