20 Април, 2024
0.0293

Го тестиравме Huawei Watch GT Pro 3 - Моќен придружник за поголем успех

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Стресот, напорните обврски и брзиот животен стил се повеќе се одразуваат врз нашето секојдневие. Опкружени со социјални мрежи, постојани известувања и чувство дека нешто пропуштаме, мора да најдеме начин подобро да се фокусираме на важни нешта како физичка активност и поефикасна организација.

Што ако ви кажеме дека со смарт часовник, кој истовремено е и фитнес асистент, може да постигнете многу повеќе.Huawei ги носи решенијата со новиот модел Watch GT Pro 3 со неколку новитети во дизајнот, функциите за здрав живот меѓу кои следење на работата на срцето, врвна батерија и естетика прилагодена за секој модерен професионалец или бизнисмен.

Ние имавме можност да го тестираме Huawei Watch GT Pro 3 со големина на куќиштето од 46 милиметри, сребрена боја на ременчето и сафирна круна за навигација низ менито.

Што нуди Huawei Watch GT Pro 3?

GT сегментот смарт часовници на Huawei станува се подобар, со поголема моќ и поиздржлива батерија која трае до 14 дена со типична употреба со едно полнење (или 8 дена за интензивна употреба). Pro моделот го заслужува името со нерѓсувачкиот челик, квалитетното тело и елегантниот стил.

Huawei Watch GT 3 Pro е еден од подобрите бизнис смарт часовници пред се поради покласичниот изглед со ременче од титаниум. Ние ја тестиравме сребрената боја која му дава моќен изглед и претставителност.

Куќиштето е доста квалитетно изработено во стилот на најпрефинетите часовници од класичната ера. Должината на ременчето може да се менува според потребите на корисникот, како и да се менуваат материјалите со дополнителни избори кои се на располагање.

Смарт часовникот може да се користи како дополнување на вашиот стил во текот на денот. Без оглед дали сте на важен состанок, излезени на кафе или пијалок или на вежбање, Huawei Watch GT 3 Pro одлично ќе го надополни вашиот изглед.

Без лимити

Како бизнис смарт часовник е многу корисен. Ако ви ѕвони телефонот наместо да го прекинувате состанокот и да видите кој ве повикува или какви нотификации пропуштате, со Huawei Watch GT 3 Pro ќе немате такви проблеми. Само дискретно ќе погледнете каква нотификација пристигнала. Исто така може директно да примате повици на смарт часовникот.

Професионалците со Huawei Watch GT 3 Pro може подобро да се фокусираат во текот на работниот ден и дел од нотификациите брзо да ги добиваат преку часовникот.

Со Huawei Watch GT 3 Pro може да се поврзете со било кој смартфон, слушалки и дополнителни уреди преку Bluetooth. Ќе добивате информации за временската прогноза, може да поставувате аларми и потсетници, како и да користите дополнителни апликации од App Gallery на Huawei.

Една од најинтересните надградби на водоотпорниот дизајн е можноста да изведете слободни нуркања со Huawei Watch GT 3 Pro чија водоотпорност е засилена на следното ниво. Може да нуркате на длабочина до 30 метри, а уредот ќе ви даде голем број податоци, од тоа колку време сте под вода, на кое ниво, брзина на нуркање и итн. Смарт часовникот има и посебна функција во менито која ве потсетува дали има потреба за протресување на водата од уредот.

Ви дава енергија

Мултипрактичноста на смарт часовникот доаѓа до израз со неговата водоотпорност. Со него може да одите секаде. Во теретана, на планина или да пливате на затворено или отворено во море.

Huawei Watch GT 3 Pro има на располагање над 100 видови на режими за физичка активност, па дури и инструкции за играње голф и подобрување на вашите вештини.

Тоа што најмногу ни се допадна кај овој уред е апликацијата за поставување цели. Согласно вашиот животен стил може да поставите цели кои ќе следите како се остваруваат и ќе добиете мотивација да издржите до крај.

Следењето на виталните функции преку Huawei Watch GT 3 Pro е замислено целосно да се грижи за добросостојбата на корисникот, да ја подобри неговата физичка подгтовеност и севкупното здравје.

Во наредниот период на европско тло ќе се активира и функцијата за ЕКГ која ќе следи детално како работи вашето срце и преку редовните извештаи ќе се грижи навремено да бидете известени доколку нешто не е во ред за да преземете медицински мерки или советување со лекар.

Тоа ќе биде одлично надополнување на веќе активната апликација за следење на бројот на часови во спиење, како и мерки за подобрување на сонот и максимално искористување на неопходното време за одмор и регенерирање.

Комбинацијата на фитнес, бизнис и организациски апликации на Huawei Watch GT 3 Pro го прават одличен избор во класата на врвни смарт часовници, може да се користи за различни пригоди, но и различни стилови на секојдневно функционирање, па така со сигурност можеме да кажеме дека ќе го пронајдете вашиот идеален сетап на апликации и додатоци кои ќе го подобрат вашиот личен и професионален живот. 

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор